Владата го слушна апелот на Gulf oil за изедначување на акцизата на екстралесното масло со дизел горивото
Foto

Владата го слушна апелот на Gulf oil за изедначување на акцизата на екстралесното масло со дизел горивото

Апелот на Gulf Oil за изедначување на акцизата на екстралесното масло со акцизата на дизел горивото конечно беше слушнат од страна на владата која ги направи потребните промени.

Ова изедначување носи намалување и истиснување на употребата на екстралесното масло како погонско гориво, а со тоа придобивките се од огромно значење. Првично за намалување на загадувањето на воздухот, бидејќи екстралесното масло при согорување создава 100 пати поголемо загадување од дизел горивото. 

Второ, државниот буџет ќе биде значително зголемен на сметка на оваа промена со што на владата на РСМ ќе и се дадат дополнителни средства за справување со ковид-19 кризата во момент кога е најпотребен. 

Трето, пазарот на нафта и нафтени деривати ќе биде регулиран и нема да постои злоупотреба и нелегални активности поврзани со екстралесното масло како досега, а позитивните ефекти од промената ќе влијаат врз целокупната економија.

Изедначувањето на акцизата значи дека никој нема да има никаква корист ниту мотивација да продолжи да користи Екстралесно како погонско гориво, а оваа промена дополнително ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го регулира текот на нафтата и нафтените деривати, но придобивките ќе ги почувствуваат и останатите учесници на пазарот.

0 Коментари

Остави коментари