ВЛАДАТА ГИ ПРИМОРА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ДА ЧИСТАТ ЃУБРЕ, ДЕЛ ОД СИНДИКАТИТЕ БАРААТ ДА СЕ ЗАПРЕ СО ПОПУЛИЗМОТ
Foto

ВЛАДАТА ГИ ПРИМОРА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ДА ЧИСТАТ ЃУБРЕ, ДЕЛ ОД СИНДИКАТИТЕ БАРААТ ДА СЕ ЗАПРЕ СО ПОПУЛИЗМОТ

Наместо во канцеларија – на терен. Илјадници административци, заедно со нивните директори, градоначалници, министри, а на чело и со премиерот – денеска го чистеа ѓубрето низ градовите. Организирани на повеќе локации, со донирана опрема се фатија за работа, за да го оправдаат своето отсуство на 2-ри јануари.

„Акција ко акција, добра е малце за гимнастика..“ „Идејата е одлична ја подржуваме и ова е препорака до секој еден да се однесува совесно во животната средина“. „Секој службеник е совесен си ја знае работата и треба некогаш да помогне во својот почист град“. - Анкета.

Присуството беше задолжително, што според дел од синдикатите потсеќа на претходните политики како „Ден на дрвото“ кои велат време да се остават во минатото. Според првиот човек на УПОЗ вакви акции се за поздрав, но треба да бидат на доброволна основа, а власта да престане неработни денови да ги прави работни. Од друга страна, за министерот за администрација Дамјан Манчевски во организацијата нема ништо спорно.

„Евиденцијата се врши од страна на службите за евиденција на работно време, тука се луѓето се потпишуваат, значи ова е класичен работен ден, којшто решивме да го искористиме на еден поинаков начин и истото се прави на другите локации и навистина сметам дека нема тука никакво проблем од процедурален аспект.“ - Дамјан Манчевски – министер за администрација.

Заедно со невладината организација „Не биди ѓубре“ надлежните испратија пораки за подигање на еколошката свест кај граѓаните. Сепак, на терен градоначалникот Петре Шилегов и министерката Мила Царовска ги пречека сликата од системските пропусти. Додека даваа изјави пред камерите, багери ги уриваа картонски живеалишта на ромите под кале и околу кејот на Вардар.

Tие се сместени во моментов во сместувачки капацитети на министерството за труд и социјална политика и тие таму ќе живеат заедно со нивните семејства како претходните 100 што ги пресметивме во соодветни услови за разлика од овие тука коишто денеска ги гледаме, но тие имаат право да си земат нешто што си чувствуваат како покуќнина.” - Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Иако по втор пат ја чистат оваа локација, Царовска и Шилегов се надеваат дека нема повторно луѓето да се вратат назад, кои тука се населуваат кога немаат алтернатива, но и затоа што сметот од Вардар им е извор на егзистенција.

„Градот ги разгледува можностите токму на оваа локација да ја утврдиме сопственичката структура, затоа што имаше и спорни делови, со цел да го задолжиме потенцијалниот сопственик или доколку е државно земјиштето да овозможиме негово урбанизирање за да спречиме повторно појавување на вакви појави.“ - Петре Шилегов – градоначалник на Скопје.

Сепак, надежите дека ова место нема повторно да го најдат во иста состојба, веднаш им ги сруши еден од присутните жители кој тука е повеќе од 13 години и вели не планира да се врати во куќата која стравува дека ќе му се сруши врз глава.

 „Нема да идам...ќе идам од тука во Шутка aко паѓа куќата врз мене врз децата, нема везе гробиштата Бутел блиску се..“

0 Коментари

Остави коментари