Влада: Со внимание и сериозност пристапуваме кон препораките на УНЕСКО
Foto

Влада: Со внимание и сериозност пристапуваме кон препораките на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во охридскиот регион години наназад.

„долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг мисија во април 2017 година, истакуваат од владата и нагласуваат дека од почетокот на својот мандат, активно се посветени на решавање на проблемите во регионот, во соработка со општините и граѓанскиот сектор.“

Оваа предлог одлука, соопштува владината прес служба, која не е финална, треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство. Владата смета дека е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира.

„Преостанува уште работа и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено, бидејќи природното и културно наследство на охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет, се наведува во соопштението.

0 Коментари

Остави коментари