ВКУПНО 635 КУТИИ СО МРП ВАКЦИНА СО ПОГРЕШНИ ДЕКЛАРАЦИИ
Foto

ВКУПНО 635 КУТИИ СО МРП ВАКЦИНА СО ПОГРЕШНИ ДЕКЛАРАЦИИ

Повеќе од 600 МРП вакцини со декларации со погрешен рок на употреба биле најдени во здравствените пунктови во повеќе градови ширум земјава. Колку од овие вакцини се потрошени и аплицирани на деца, одговор нема. Од министерството за здравство соопштуваат дека се уште не е завршена контролата на инспекторите на МАЛМЕД.

- „Во текот на утрешниот ден инспектори од МАЛМЕД ќе одат повторно на терен за да ги потврдат наодите каде е детектирано дека има од вакцините со погрешни декларации во вакциналните пунктови во остантите градови. По завршување на инспекцискиот надзор, ќе имаме повторна средба со МАЛМЕД по што ќе следи дополнително известување за медиумите.“ - велат од Министерство за здравство.

Од белгиската фирма „ГлаксоСмитКлајн“, која ги произведува МРП вакцините за ТВ24 велат дека се запознаени со пропустот во пакувањата на вакцините и го истражуваат случајот.

„Нашите вакцини Приорикс се испратени до дистрибутерот, Македонија Лек. Можеме да потврдиме дека сите вакцини Приорикс се испратени директно од местото на производство во Белгија и дека овие вакцини ги почитуваат стриктните правила и нормите на квалитет на Европската Унија.“ - велат од компанијата.

Епидемијата на морбили може да го одложи и почетокот на второто полугодие. Од министерството за здравство апелираат сите деца да се вакцинираат пред да почне училишната година. Штом ќе заврши расппустот, ќе има и теренска вакцинација во училиштата, најавуваат здравствените власти.

Од Министерството за образвоние и наука пак велат дека се бараат и законски решенија со кои ќе се поттикнат сите родители да ги вакцнираат своите деца.

- „Сме во координација со здравство и труд и социјала да изнајдеме законско решение со кое ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат своите деца, имајќи предвид дека основното образование е задолжително и е предвидено со Уставот на РМ. Во овој случај треба да водиме грижа и за следење на воспитно-образовниот процес во основно, кој што е задолжителен, но и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот закон за основно образование е предвидено дека децата при упис во основно треба да докажат дека децата биле вакцинирани“. - изјави Арбер Адеми – Министер за образование и наука.

Во изминатово деноноќие 8 деца, на две годишна возраст со морбили, се хоспитализирани на клиниката за инфективни болести. Сите се од скопската населба Ново Лисиче и сите ја посетувале детската градинка „Сонце“.

Од министерството за здравство уште еднаш повоторија дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.

0 Коментари

Остави коментари