Вилијамс прави корекција и во името и во боите за 2019
Foto

Вилијамс прави корекција и во името и во боите за 2019

Додека јавноста одбројува до нова, по можност спектакуларна сезона во Формула 1, тимовите напорно работат. Идната недела се одржуваат тренинг-возења во Барселона, а три од тимовите веќе ги обелоденија новите болиди. Вилијамс дури направи корекции во боите и во името, денеска го претстави новиот спонзор, британската компанија за паметни телефони – Рокит.

Ова е насловен спонзор, што значи официјалното име на вилијамс во 2019-та ќе биде рокит вилијамс рејсинг. Новиот спонзор малку го менува и изгледот на болидот на Вилијамс, па неговите бои сега ќе бидат бела и светло сина, наместо досега доминантната бела. Болидот на Вилијамс е третиот кој се појави во јавноста со фотографии, пред новата сезона. Денеска својот нов болид го покажаа и од Торо Росо, а претходно фотографии излегоа и од новиот болид на Хас.

0 Коментари

Остави коментари