Видео средба Бујар Османи – Хајко Мас
Foto

Видео средба Бујар Османи – Хајко Мас

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да има видео средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.

Како што соопштија од МНР, ова ќе биде прва средба на Османи со својот колега од Германија по преземањето на функцијата шеф на дипломатијата на Северна Македонија.

Во фокусот на разговорот, покрај неодминливата тема со корона вирусот, ќе бидат и евро-интеграциското досие на Северна Македонија, ситуацијата во регионот, како и билатералната и економска соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, за планираните иницијативи, но и за очекувањата од Софискиот самит.

– Разговорот е во функција на дипломатската офанзива на министерот Османи во пресрет на важните одлуки во месеците пред нас кои се однесуваат на усвојувањето на преговарачката рамка согласно новата Методологија на ЕУ, но и одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската унија, се наведува во соопштението од МНР.

0 Коментари

Остави коментари