Вицепремиерот Битиќи на средба со амбасадорот на Катар Ал Тани
Foto

Вицепремиерот Битиќи на средба со амбасадорот на Катар Ал Тани

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на државата Катар, Н.Е. Јасим бин Хамид Ал-Тани, со кого разговараа за потенцијалите за економската соработка помеѓу двете земји.

 

На состанокот од двете страни е потврдено дека државите имаат пријателски односи и високо ниво на политичка соработка и дека во периодот кој следи, за развој на билатералните односи, фокусот треба да се постави врз развој и засилување на инвестиции, пораст на трговска размена и вкупна економска соработка со Катар, што е во заеднички интерес на земјите.

Вицепремиерот Битиќи ги презентираше поволностите за инвестирање во Северна Македонија, при што го презентираше и Интервентниот план за инвестиции до 2027 година, преку кој се планира реализација на проекти во повеќе сектори во вкупна вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра. Тој посочи дека во овој план се внесени проекти од енергетиката, патната и железничката инфраструктура, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура и заштита на животната средина, како и во секторот туризам.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Ал-Тани се согласија дека постои потенцијал за унапредување на економската соработка и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување на побрз и одржлив економски раст и подобри услови за живот на граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари