Весна Петрушевска и Гуру Харе искрено за Тоше
Foto

Весна Петрушевска и Гуру Харе искрено за Тоше

ВЕ САКАМ СИТЕ!!!

Така го завршуваше секој свој настап, со многу љубов во себе за сите, лебдеше над нас, лебди и денес, 12 години откако не напушти и замина во вечен мир. Тоше Проески, беше и остана нашата најголема музичка звезда, а овој ден ја донесе најголемата тага на Балканот, згасна звездата која не обедени со својата љубов и скромност.

Со молк, тага и неверување веста за прерано згаснатиот живот на момчето со ангелски глас ги погоди сите. Со вродената скромност и огромната љубов со себе, живееше за да ги види сите среќни, за него музиката беше се и тоа за него беше најчистото нешто, Тоше не ги сакаше неправдите, сеќавајки се, вели во искрениот разговор неговата пријателка Весна Петрушевска.

Со својата посебност и искреност ги освојуваше сите во негова близина, стана најголемата балканска звезда затоа што на работата секогаш и пристапуваше со многу љубов, за него никогаш не беше тешко да излезе на сцена и да пее. Тоше беше пред се голем човек а потоа звезда , зведа која сеуште сјајно сјае над нас и не потсетува секојдневно на големите човечки вредности, скромноста, љубовта и хуманоста, Тоше беше и остана ангел на нашите срца.

 

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари