Венеција поплавена - нивото на водата најголемо во последните 50 години
Foto

Венеција поплавена - нивото на водата најголемо во последните 50 години

Обилните дождови и големиот бран плима ги поплавија историска базилика Свети Марко и многу градски плоштади и улици во Венеција.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро изјави дека ќе прогласи вонредна состојба.

– Ситуацијата е драматична. Ќе бараме помош од Владата. Цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени, напиша Бругнаро на Твитер.

Висината на водата на Плоштадот Свети Марко надмина над еден метар.

Базиликата Свети Марко за 1.200 години поплавена е шестпати, од кои четирипати се случија во последните 20 години, а најскорешната беше во октомври 2018 година.

Засега нема информации за причинета штета во базиликата

Според градските власти висината на брановите достигнала до 187 сантиметри, што е помалку од рекордот забележан во 1966 година кога брановите достигнаа до 194 сантиметри.

Поголемиот дел од Италија изминатите денови е погодена од обилни дождови кои предизвикаа поплави првенствено во јужниот дел на земјата. Според метеоролозите и следните денови се очекуваат дождови.

0 Коментари

Остави коментари