Вељаноски останува со имунитетот - за прв пат во историјата на собранието - комисијата за мандатно-имунитетни прашања имаше 4:4
Foto

Вељаноски останува со имунитетот - за прв пат во историјата на собранието - комисијата за мандатно-имунитетни прашања имаше 4:4

Заврши комисиската расправа за одземање на имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, на која крајниот епилог беше четири гласа „За“ и четири гласа „Против“, што за прв пат се случува во Собранието да нема заклучок од оваа комисија кој би се испратил на пратеничкиот состав. Со ова се отвора прашањето како ќе се одлучува за имунитетот на Вељаноски понатаму.

Според извори од владејачкото мнозинство, можна опција сега е претседателот на Собранието, Талат Џафери во консултација со стручни служби да даде насока дали воопшто ова прашање ќе им се предаде на пратениците да гласаат „За“ или „Против“ одземањето на имунитетот на поранешниот спикер на пленарна седница. Во спротивно неизвесно е кој и дали воопшто ќе може да се препорача на парламентарците одземање имунитет на Вељаноски на пленарна седница, каде ќе требаше да се усвои барањето со 61 пратенички глас, односно со просто мнозинство. За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ состојбата е јасна – процедурата застанува тука, со оглед на фактот дека како што велат, Комисијата нема одлука и Собранието нема за што да расправа понатаму.

0 Коментари

Остави коментари