Велешкото езеро Младост ќе стане првото „Паметно” езеро во Македонија
Foto

Велешкото езеро Младост ќе стане првото „Паметно” езеро во Македонија

Смарт или паметно езеро младост ќе биде новото име на велешкото езеро, откако општина велес ќе ги заврши вложувањата во него кои денеска ги најави. Еко-камп со седум типизирани куќички, авантура парк за деца, осветлена пешачка и патека за велосипеди, дигитален паркинг, смарт велосипеди и клупи се само дел од новата труристичка атракција.. Според проектот, предвидено е и изградба на пат до блиската винарија, што е еден дел од соработката со угостителските капацитети на езерото.

„Ова е голема шанса Велес да прерасне во туристичка дестинација и да го искористи потенцијалот на езероот и проектот ќе отвори нови работни места и ќе ја зајакне економијата.“ - вели Аце Коцевски – градоначалник на Велес.

Проектот ќе чини преку еден милион евра. Десет проценти ги обезбедува општинскиот буџет. Останатите пари се преку ИПА фондовите на Европската Унија, а со нив ќе управува проектот за локална и регионална конкурентност на светска банка.

„Ова е пример на вистинско и одржливо партнерство меѓу општината, регионот и приватниот сектор.“ - вели Аце Коцевски – градоначалник на Велес.

Градежните работи треба да почнат на почетокот на идната година, а ќе завршат на крајот на 2019-та.. Ова ќе биде значаен и финансиски импакт во велешкото стопанство, бидејќи се очекува учество и на велешки компании во изградбата на проектот. Откако ќе се заврши, Младост ќе стане првото смарт односно паметно езеро во земјава.

0 Коментари

Остави коментари