Велешката полиција синоќа уапси 35-годишен маж под сомнение дека поткупувал гласачи
Foto

Велешката полиција синоќа уапси 35-годишен маж под сомнение дека поткупувал гласачи

35-годишен велешанец е уапсен под сомнение дека поткупувал гласачи.

Полицијата го уапсила синоќа, на улицата „Стеван Богоев“, зад црквата „Света Богородица“ во Велес, во маало во кое живеат претежно граѓани од ромска националност. По наредба на јавен обвинител извршен е претрес во домот на уапсениот. 

Велешката полиција го потврди апсењето на велешанецот, но не и информацијата дека кај него се пронајдени пари за поткуп.

По распитот, велешанецот е пуштен дома. За кривичното дело за кое се осомничи, законот предвидува минимум пет години затвор. Во меѓувреме, во дел од медиумите се појави информација дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните.

Ваквата вест од СВР Велес ја демантираат. Оттаму велат дека таков настан ниту е пријавен, ниту пак е постапувано за таква работа. Полицијата апелира до медиумите кои ја објавија оваа вест да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк.

0 Коментари

Остави коментари