Васко Ковачевски е нов генерален директор на ЕЛЕМ
Foto

Васко Ковачевски е нов генерален директор на ЕЛЕМ

Владата денеска донесе одлука Васко Ковачевски да биде избран за Член на Управен одбор, кој ја извршува функцијата Генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија. ТВ 24 пред една недела објави дека Ковачевски е најсериозниот кандидат за оваа функција. Според нашите информации, во РЕК Битола на местото на Ковачевски, најверојатно ќе дојде Златко Ќурчиевски.

Владата го разреши досегашниот претседател на УО и директор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – Драган Миновски.

0 Коментари

Остави коментари