Василев за тв 24: Македонија реши да тргне во ЕУ без сериозен дијалог со Бугарија
Foto

Василев за тв 24: Македонија реши да тргне во ЕУ без сериозен дијалог со Бугарија

Дали ќе се нормализираат односите помеѓу Софија и Скопје? Боико Василев кој е автор на емисијата „Панорама“ на бугарскиот национален сервис, во емисијата Трилинг вели дека според него, проблемот меѓу двете земји избил, зошто раководството на Македонија решило да тргне во ЕУ без сериозен дијалог со Бугарија.

„Оттука натаму се појавија ред компликации, Бугарија се почувствува неразбрана и затоа преговорите со Македонија се одложени за во иднина. Неспорно, топката е во Скопје. Она што Скопје треба да го предложи се насоки  за исполнување на догворот меѓу двете земји од 2017. Постои недоразбирање во делот од македонското општество и во европската заедница. Тоа е дека Бугарија сака да го смени идентитетот на  Македонија во моментов што не е точно.“ - вели Василев.

Тој истакна дека е проблемот и во Бугарија што не ја објаснила сосема добро нејзината позиција, па и двете земји им се предале на емоциите. Бугарија има чувство дека Македонија не го исполнува тој договор, како што било со Договорот од 1999 година.

0 Коментари

Остави коментари