Вардар во лесна група, Еурофарм работник против гиганти
Foto

Вардар во лесна група, Еурофарм работник против гиганти

СЕХА-лигата објави како 12-те екипи учеснички ќе бидат распоредени во групите А и Б, во новата 2019/20 сезона. Две групи со по шест екипи, распоредени со дискреционо право на СЕХА. Внимавале во една група да нема екипи од иста земја, па затоа Вардар е во А-конкуренцијата, со Нексе, Татран Прешов, Војводина и со дебитантите Мотор Запорожје од Украина и Татабања од Унгарија.

Сите втори претставници од една иста земја се најдоа во групата Б, каде што е и нашиот Еурофарм работник, во друштво на Веспрем, Загреб, Мешков Брест, Металопластика и гостите од Азија, Пекинг спорт јуниверзити. Шесте екипи во секоја група ќе играат меѓу себе по принципот дома-гости, а откако завршат десетте кола, во февруари ќе почне елиминацискиот дел, налик на тој од Лигата на шампионите.

Екипите кои ќе се пласираат на прво и на второ место го прескокнуваат првото плејоф-коло и одат директно во четвртфиналето. Екипите од трето до шесто место ќе играат по принципот трет со шести, четврти со петти двомеч дома и во гости, а двајцата победници продолжуваат во четвртфиналето против прво и второпласираните. Најдобрите четири ќе играат на веќе познат фајналфор-турнир, од 3 до 5 април.

0 Коментари

Остави коментари