Вардар со Чупиќ наместо Криштопанс и одличен Гедбан до голем бод против Киелце
Foto

Вардар со Чупиќ наместо Криштопанс и одличен Гедбан до голем бод против Киелце

Македонскиот ракометен првак Вардар, одигра 28:28 против полски Киелце во меч на кој не можеше да има победник на едната или другата страна, па ремито е и најреален исход.

И без клучниот играч Даинис Криштопанс, кој сепак не можеше да игра и седеше на клупата, вардарци играа рамноправно со полскиот тим.

Во првото полувреме се играше многу ефикасно, беше 17:16, а потоа 15 минути затаи нападот на Вардар, па гостите поведоа и со 25:22. Европскиот првак се созеде, голманот Калифа Гедбан влезе во ритам и беше најзаслужен што Вардар не загуби. Клучната одбрана беше на 15 секунди до крајот. Скубе се обиде да му донесе победа на Вардар, но не погоди.

Гедбан имаше 11 одбрани. Скубе со 7 и Чупиќ со 6 гола беа најефикасни во нападот на Вардар.

Вардарци се втори во групата и имаат еден бод повеќе од Веспрем и Киелце. Следниот настап на Вардар во ЛШ е за една недела на гости кај Киелце, по што ќе следуваат два домашни меча со Мешков Брест и Веспрем.

0 Коментари

Остави коментари