Вардар поразен во Струга, Академија Пандев не го искористи киксот
Foto

Вардар поразен во Струга, Академија Пандев не го искористи киксот

Тимот на Струга Трим Лум беше подобар од Вардар со 2:1 во еден од најинтересните натпревари од 14 коло во првата македонска фудбалска лига.  

За Вардар, ова е втор пораз сезонава, откако загуби и на стартот од ѓорчепетровци, па 12 кола по ред не знаеше за пораз. 

Во денешните мечеви, постигнати се следните резултати: Борец – Македонија Ѓорче Петров 1:1, Ренова – Академија Пандев 1:1, Силекс – Шкупи 1:0, Струга Трим Лум – Вардар 2:1. Утре играат Работнички – Шкендија.

Вардар е прв со 30 бода, следува Академија Пандев со 26, Силекс има 21, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП и Струга по 18, Ренова и Борец имаат по 15, а Работнички е последен со 11.

0 Коментари

Остави коментари