Вардар го реши Татран и заврши прв во групата
Foto

Вардар го реши Татран и заврши прв во групата

Вардар ќе ја заврши групната фаза од СЕХА-лигата како првопласиран во групата А, благодарение на победата над Татран Прешов со 28-26 во 9. коло.

Црвено-црните го одиграа, веројатно, најдоброто полувреме во оваа полусезона, дозволувајќи му на противникот да постигне само девет гола. Станува збор за вторите 30 минути, кои почнаа со 17-13 за Татран, но работите експресно се сменија, кога Калифа Гедбан застана на голот. Истовремено, Едуард Кокшаров ја смени одбраната од 6-0 во 5-1 и тоа беше иницијална каписла за пресвртот.

Вардар стигна да изедначи на 20-20 до 44. минута, а серијата голови продолжи и понатаму, до 24-21 на точно 10 минути до крајот. Татран се мачеше во нападот, Вардар лесно реализираше, а Гебдан го крена својот ефект на осум интервенции до крајот на мечот. Имаше опасност Татран да се врати, кога изедначи на 25-25 во 55. минута, но и тогаш Гедбан спаси со два фатени зицера.

Повторно со отсуство на неколку важни ракометари, Павел Атман беше највисок во бековската линија, па со Иван Чупиќ беа најефикасни со по пет гола. Вардар сега има 24 бода, шест повеќе од Мотор Запорожје, кој има два меча до крајот, но дури и да ги добие, а Вардар да загуби од Нексе в четврток, повторно ќе биде прв, поради подобриот меѓусебен однос со Украинците.

0 Коментари

Остави коментари