Валверде ја напушта Барса по крајот на сезоната, тврди „АС“
Foto

Валверде ја напушта Барса по крајот на сезоната, тврди „АС“

Оваа сезона ќе биде последна за Ернесто Валверде на чело со Барселона, напиша „АС“. Весникот од Мадрид тврди дека газдите на каталонскиот клуб решиле да не го продолжуваат договорот на 55-годишниот експерт. Позицијата на раководството нема да се промени дури и ако екипата ја освои ЛШ.

Договорот на Валверде има опција што овозможува да се продолжи за уште една година, но Барселона нема да ја активира. На „Камп Ноу“ сакаат следната сезона тимот да го води Роналд Куман, кој моментно е селектор на Холандија. Поранешниот дефанзивец нема да одбие покана од Барса, а како резервна варијанта се споменува името на друг Холанѓанец, Марк ван Бомел. Тој исто така има минато како голем фудбалер на тимот од Каталонија, а од 2018 година е тренер на ПСВ Ајндховен.

Куман можел да ја преземе Барса во текот на летото, кога постот на Валверде беше доведен во прашање по поразот од 0-4 од Ливерпул во ЛШ и неуспехот во финалето на домашниот Куп, но тој претпочита да ја продолжи својата работа со репрезентацијата.

За две години како ментор на Барселона, Валверде има освоено 4 трофеи – 2 титули во Ла Лига, еден Куп и еден Суперкуп на Шпанија.

Сепак, тој двапати доживеа неуспех во Лигата на шампионите.

0 Коментари

Остави коментари