Вакцинацијата спречи да се заразат дополнителни 14,500 луѓе
Foto

Вакцинацијата спречи да се заразат дополнителни 14,500 луѓе

Вакцинацијата спречила да се заразат дополнителни 14,500 луѓе (или 148 повеќе новозаразени на ден), во последните 3,5 месеци- покажува истражувањето на Finance Think(Фајнанс тинк). Хоспитализацијата се намалила меѓу 37,9% и 46,5%, а трошоците во здравството се намалиле за 2.8 милиони евра за последните пет недели од почетокот на делта бранот.

„Вакцинацијата донесе нова надеж за борба против Ковид-19 пандемијата. Ефектите се многубројни, од намалување на притисокот врз здравствените системи до намалување на рестриктивните мерки и придвижување на економскиот и социјалниот живот“, се вели во Истражувањето. 

Анализата на Министерството за здравство, пак покажува дека  во последните два месеца 74,9% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани, 79% од хоспипитализираните се невакцинирани, а 21% од моментално хоспитализираните пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, се вели во анализата. 

„Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1382 пациенти со Ковид 19, 1149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“. - велат од Министерство за здравство.

Од Министерството укажуваат на важноста од вакцинација и апелираат  граѓаните да се вакцинираат за колективен имунитет и да се спречат нови мутации на СарсКов2.

0 Коментари

Остави коментари