Вакцина за ковид 19
Foto

Вакцина за ковид 19

САД двојно ги зголеми инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“.На речиси една милијарда долари се зголемија инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на американската компанија „Модерна“, која влегува во последна фаза на клиничко испитување. 

„Модерна“ во април доби 483 милиони долари кога изработката на вакцината била во почетна фаза, а американската Федерална агенција за фармацевтска технологија сега се обврза да издвои уште 472 милиона долари. 

Во светот моментално се развиваат стотици вакцини против вирусот КОВИД-19, но оксфордската досега  се покажа далеку пред другите.Ричард Фишер опишува како изгледа да се биде еден од доброволците на клиничките испитувања за потенцијалната вакцина.

 - Го пополнив формуларот на интернет и неколку недели покасно се најдов во болницата Сент Џорџ на првобитниот преглед за доброволец за проба на вакцината која беше во развој на Оксфордскиот универзитет. Ни објаснија што смееме,а што несмееме да правиме, како функционира науката која стои позади оваа вакцина и на какви нус појави да обрнеме внимание.Мило ми е што имам прилика да одиграм толку мала, но и толку голема улога во светот со уште 10.000 доброволци за развојот на оваа вакцина што внимателно ја следи целиот свет. Брзината со која оксфордската група реагираше на епидемијата е импресивна. Докторите и истражувачите никогаш не очекуваа дека на плеќите ќе носат надеж и очекување на милијарди луѓе низ светот. Секоја чест! - изјави Ричард Фишер/ доброволец.

„Модерна“ денеска почнува со тестирање на потенцијалната вакцина врз 30.000 луѓе.  Во светот над 16 милиони луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. 

 

 

0 Коментари

Остави коментари