Утврден пропуст: Фестивалот „Златно славејче“ имал комплетна документација, но бил одбиен
Foto

Утврден пропуст: Фестивалот „Златно славејче“ имал комплетна документација, но бил одбиен

Од Министерството за Култура признаа грешки во распределбата на парите. Од Сите одбиени апликации во делот на фолклор и музичко – сценска дејност единствена апликација за која Комисијата направил пропуст е за фестивалот „ Златно Славејче“. За овој фестивал првиот човек на Комисијата, Плеурет Гаши потврди дека ќе има нова одлука – односно дека ќе се финансира повторно. За сите останати одбиени како што се Авалон, фестивалот „ Пеце Атанасовски “, „ Скопски Џез фестивал “ и по разгледувањето од страна на комисијата едногласно утврдиле дека се одбиенипоради некомплетна документација. Дали ќе има дополнителна можност за докомплетирање на документација Гаши потенцираше дека треба да одлучи министерот Асаф Адеми.

Проек менаџерот на Скопски Џез – фестивал, Костадин Шурбановски за ТВ 24 тврди дека целосната документација била навремено доставена и бара нова комисија да се изврши увид во документација како и тоа одговорните за скандалот и проблемите да сносат одговорност.

Комисијатаза Драмска дејност тврди дека се едногласни во донесувањето на новата одлука сите 96 одбиени апликанти да останат и понатамуодбиени. На истиот став се и од Комисијата за Визуелни уметности, архитектура и дизајн. Останатите комисии допрва ќе утврдуваат дали имапропусти. Во меѓувреме писатело за деца Наум Попески и денеска тврди дека е одбиен неосновано ипокрај тоа што јапоседувал целосната документација

Првиот човек на Младинскиот културен центар ( МКЦ ), Русе Арсов бара да се направи комплетна промена на моделот за финансирање.

И додека од опозициската ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието поднесе барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура, од ресорното министерство денеска повторно ги обвинија медиумите дека вршат напад ипритисок врз нивната работа само затошто медиумите ги пренесуваат ставовите на сите инволвирани во скандалот со ресорното министерство за култура. Се уште е неизвесно дали и кој ќе понесе одговорност за состојбата во ресорот Култура.

0 Коментари

Остави коментари