Утревечер – премиера на претставата „Макбет“, во режија на Нела Витошевиќ
Foto

Утревечер – премиера на претставата „Макбет“, во режија на Нела Витошевиќ

Трагедијата „Макбет“ која е прифатена за најмрачно Шекспирово дело утревечер за првпат премиерно ќе биде изведена во МНТ. Адаптацијата и режијата се на Нела Витошевиќ која истакна дека „Макбет“ колку што е психолошка, толку е и политичка претстава, дека зборува за политичкото зло.

Во делото, како и во претставата, режисерката вели дека се отсликува една лепеза на карактери, преку кои се отвораат низа политички прашања апсолутно актуелни за времето во кое живееме. Актерот Сашко Коцев кој го портетира Макбет истакна дека со режисерката изградиле лик кој сепак има грижа на совест наспроти неговите сурови постапки.

0 Коментари

Остави коментари