Утре се отвораат библиотеките
Foto

Утре се отвораат библиотеките

По месец и половина откако се отворија кафеаните, утре се отвораат и библиотеките, кои беа под клуч речиси четири месеци. Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови, а вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.

Задолжително ќе биде носење лична заштитна опрема на лицето, дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека и одржување на физичко растојание од 2 метри.

Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел. Библиотеките нема да го евидентираат пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.

0 Коментари

Остави коментари