Утре продолжува расправата на пратенциите за одземање имунитетот на Трајко Вељаноски
Foto

Утре продолжува расправата на пратенциите за одземање имунитетот на Трајко Вељаноски

Повеќе од шест часа во жестока атмосфера пратениците дебатираа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски. Освен неговите сопартијци од ВМРО ДПМНЕ, поранешниот собраниски спикер самиот пред пратениците ги кажа своите аргументи за неговите активности на 27ми април 2017. Пред колегите тврди дека не го прекршил деловникот и бара од нив фер одлука при гласањето за одземање на имунитетот. 

Груевски сите ве пушти низ вода – реагираше актуелниот заменик претседател на Собранието Мисовски. Вели дека на 27ми април 62 пратеници сакале мирно преземање на власта, но опозицијата тоа го оневозможила.

Пред два дена обвинителството за организиран криминал поради сомнение за влијание врз сведоци и опасност од бегство, покрај поранешни министри од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од судот побара притвор и за пратеникот Трајко Велјаноски бидејќи во предистрагата откриле дека тој е еден од организаторите на упадот во Собранието на 27ми април. На товар му се става делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но тој се повика на имунитетот кој го ужива како пратеник и беше пуштен на слобода.

Доколку комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања даде зелено светло, претседателот на Собрание Талат Џафери ќе закаже седница, на која ако 61 пратеник гласаат ЗА – поранешниот собраниски спикер Трајко Велјаноски ќе го изгуби имунитетот кој го штити од притвор.

0 Коментари

Остави коментари