Утре лидерска средба – ќе има ли одлука за нов датум за предвремени парламентарни избори?
Foto

Утре лидерска средба – ќе има ли одлука за нов датум за предвремени парламентарни избори?

Со спротивставени ставови, но со надеж за консензус се власта и опозицијата на ден пред лидерската. Партиските надмудрувања продолжија и денеска на сметка на мислењето од Венецијанската комисија.Опозицијата смета дека се потребни два месеца по вонредната состоба за да се организираат избори, но за власта тоа толкување се однесува на Грузија. Позициите на Зоран Заев веќе се познати, седнува на маса со конкретен датум за избори, 14 јуни.

Христијан Мицкоски ќе се појави во Вила Водно со план за изборите и избор од кризата, најавуваат од неговата партија.

Ставот на СДСМ го дели и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од ДУИ веќе порачаа дека ќе се согласат на избори ако препорачаат здравствените власти и ако има присутни набљудувачи. Дел од албанскиот опозициски блок инсистира на избори на почетокот на август.

Во Вила Водно утре треба да пристигнат лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алијансата на Албанците. Најавено е и присуство на последниот собраниски спикер Талат Џафери, кој беше категоричен дека Собранието не треба да биде свикано во вонредна состојба. Сепак, за изборниот датум клучно е мислењето на Комисијата за заразни болести, кое е најавено за утре.

0 Коментари

Остави коментари