Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава
Foto

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

Министрите за надворешни работи на Европската Унија не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за Република Северна Македонија. На состанокот на Советот за општи работи на Унијата беше донесена одлука најдоцна до октомври 2019 година, земјите членки да се навратат на отворањето на преговорите со македонија но и со Албанија.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по завршување на средбата, изјави дека дел од членките на Советот не ја поддржале препораката на Европската комисија за доделување на датум за преговори. Хан не можеше да даде ветување дека државата ќе добие почеток на преговорите во октомври но порача дека се големи шансиет да се случи такво нешто.

„За жал, малцинство на земји-членки не беа во можност да го поддржат јасниот предлог на Европската Комисија да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија. ЕК цврсто верува дека ЕУ треба да ги награди тие кои ги исполниле барањата поставени од самиот Совет минатата година. Нашиот кредибилитет е во прашање исто како и нашето влијание и поттик.“ - изјави Јоханес Хан – Еврокомесар за проширување и соседска политика.

Како што изјави Еврокомесарот, една од причините за одложувањето на одлуката е ограниченото време за расправа во германскиот паркламент кој има обврска да ги одобрува одлуките поврзани за проширувањето.

Источноевропските земји се залагале за отворање на преговорите со двете земји без никакво одлагање, но имало отпор од страна на неколку западно европски држави. Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ Буриќ претходно изјави дека пораснал бројот на земјите кои имаат задршки. А Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, вели дека е срамно што ЕУ денеска не донесе одлука за преговори со Северна Македонија.

Македонскиот премиер пак вели дека на Советот на министрите добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Сега имаме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија, напиша Заев на својот ФБ профил.

„Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година. Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината.“

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчaк, порача дека унијата мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Македонија. Според Лајчак, државата стигнала подалеку отколку што можело да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите.

0 Коментари

Остави коментари