Усвоена преговарачката рамка за Македонија, јазикот останува македонски
Foto

Усвоена преговарачката рамка за Македонија, јазикот останува македонски

Европската комисија ја усвои предлог – преговарачката рамка за земјава. Нацрт-документот според кој ќе се водат преговорите за членство со македонија, се наоѓа кај земјите-членки на ЕУ, кои ќе треба да ја одобрат финалната верзија.

Според проценките, документот веќе идната недела ќе се разгледува во Брисел на експертско ниво меѓу земјите-членки. Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат.

Северна Mмакедонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право на македонски пред официјалното зачленување во европската унија, пишува во предлог-преговарачката рамка за земјава.

Одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти. Од владата очекуваат до октомври да биде прифатен финалниот текст.

0 Коментари

Остави коментари