Усвоен извештајот на ЕП, и дел од контроверзните амандмани

Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на договорот за добрососедство со Бугарија.европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ.

Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според епи, европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин. амандманот 79, се оценува како притисок врз заедничката комисија за, историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.

Амандманот 80, се коси со проценката на европската комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на договорот за пријателство меѓу земјава и бугарија од 2017, што не е став на европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.

Освен тоа, како што јави МИА, неколку европратеници од бугарската националистичката вмро – бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нарекоа северна македонија „геноцидна кон Бугарите“. европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.