Уставниот суд против уривање на плажите, општина Охрид ќе продолжи да ги отстранува дивоградбите
Foto

Уставниот суд против уривање на плажите, општина Охрид ќе продолжи да ги отстранува дивоградбите

Одлуката на Уставниот суд да го стопира рушењето на охридското крајбрежје преку поништување на Владината уредба за отстранување на дивоградбите на плажите е катастрофална оценуваат граѓанските активисти.

Со истата Уставниот суд уште еднаш докажува дека е непријател на животната средина вели Драгана Велковска од здружението Охрид СОС.

Но, без обзир на одлуката на судот рушењето во Охрид ќе продолжи вели градоначалникот Георгиевски, бидејќи локалната самоуправа поседува правосилни решенија за уривање на плажите уште од пред 2, 3 години – односно многу порано пред да се донесе Владината уредба.

Од Охрид СОС потенцираат дека акцијата мора да продолжи во континиутет и после изборите и да не послужи само како предизборна мамка за граѓаните.

Инаку Уставниот суд на вчерашната седница го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро со образложение дека уредбата на Владата со законска сила не била мерка за справување со последиците од корона вирусот.

Одлуката на судот практично значи дека закупците може на диво да ги користат плажите со години и да не плаќаат ниту денар за концесиите што се коси со ставот на Унеско владата и општина Охрид кои побараа сите плажи на кои им се истечени концесиите да се вратат во првобитна форма.

0 Коментари

Остави коментари