Уште една штипска конфекција под клуч, работничка позитивна на Ковид-19
Foto

Уште една штипска конфекција под клуч, работничка позитивна на Ковид-19

Уште една конфекција во Штип со 250 работници оди под клуч. Утринава таму е потврден еден позитивен случај. 

Веднаш по информацијата, според Општинскиот кризен штаб, работниците се пратени на годишен одмор. И тие заедно си вработените од останатите пет конфекции ќе чекаат да им бидат земени брисеви. 

На денешниот состанок на Општинскиот кризен штаб е одлучено секоја текстилна компанија да добие Ковид 19 координатор, што ќе се грижи за спроведување на мерките и ќе го спречи групирањето за време на паузите. 

Според вицепремиерот Бујар Османи кој беше дел од состанокот со штипскиот Кризен штаб, со оглед на тоа дека е очигледно дека вирусот ќе биде присутен подолго време, можно е вакви координатори да бидат назначени и во сите јавни институции. За него клучно во справувањето со вирусот е борбата со лажните вести. 

До денес во изолација се 336 штипјани. Од позитивните на коронавирусот најголем дел се без симптоми, а на Инфективното оделение во Штип се хоспитализирани 14 пациенти, со стабилна клиничка слика.

0 Коментари

Остави коментари