Ураганот Доријан на Бахамите досега однесе 30 жртви
Foto

Ураганот Доријан на Бахамите досега однесе 30 жртви

Бројката на погинати од страотниот налет на ураганаот Доријан врз Бахамите нарасна на 30, соопштија офијални претставници на властите, пренесоа светските агенции.

Министерот за здравство Дуане Сандс на Бахамите за американските медиуми изјави дека очекуваат во следните неколку дена оваа бројка „значително да се зголеми“, бидејќи продолжуваат потрагите и акциите за спасување на настраданите.

Сандс изјави дека жртвите се од островите Гранд Бахами и Абака.

Ураганот Доријан во неделата го погоди островот Абака како бура од петта категорија, а потоа и Гранд Бхами како бура од четврта категорија.

0 Коментари

Остави коментари