Ураганот Доријан добива на сила на патот кон Флорида
Foto

Ураганот Доријан добива на сила на патот кон Флорида

Жителите на Флорида денеска се подготвуваат за ураганот Доријан, кој доби на сила на Карибите пред да почне да се движи северозападно кон американската држава.

Се очекува Доријан да остане „исклучително опасен ураган“ додека викендов се доближува до Флорида, соопшти Националниот центар за урагани, со прогнози кои покажуваат дека невремето станува ураган од четврта категорија.

Ветровите на Доријан достигнаа брзина од 175 километри на час, со што ураганот моментално е блиску до невреме од трета категорија.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис на почетокот од неделава прогласи вонредна состојба во целата држава и денеска вети дека наскоро ќе се донесе одлука за евентуални евакуации.

0 Коментари

Остави коментари