Ураганот Дориан го промени правецот кон Јужна и Северна Каролина
Foto

Ураганот Дориан го промени правецот кон Јужна и Северна Каролина

Ураганот Дориан синоќа је промени патеката и наместо да удри на брегот на Флорида, како што се очекуваше, неговиот конус продолжи на север кон крајбрежјата на сојзните држави Џорџија, Јужна и Северна Каролина,

Во сите ове држави, заедно со Флорида, прогласена е вонредна состојба.

Како што јави „Си-Би-Ес“, по крајбрежјето на Флорида населението деновиве почна со масовни подготовки за ударот на ураганот, со пополнување на резерите на вода, храна и гориво, а на некои плажи на Атлантскиот Океан се полнеа вреќи со песок за заштита од поплави.

Иако се очекуваше да удри со брзина на ветрот од над 180 киломери на час на крајбрежјето, ураганот сепак не го зафати јужниот полуостров, туку го промени правецот кон источниот брег на САД.

Дориан се очекува да удри со силина од втора или трета категорија во Јужна и Северна Каролина најрано в понеделник навечер.

Моментално, ураганот беснее на Бахамите повеќе од 30 часа со силина од четврта категорија каде локалните власти повикаа населението да се евакуира од загрозените острови.

– Куќите, објектите, можат да бидат заменети, но животит не, изјави премиерот на Бахами, Хуберт Минис.

Во меѓувреме, се подготвува населението на Флорида. Гувернерот на сојузната држава, Рон Десантис, порача населението да биде будно, „бидејќи ураганот може уште еднаш да ја промени патеката и да предизвика опасни поплави без да удри во државата“.

0 Коментари

Остави коментари