Управниот суд ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и Моро
Foto

Управниот суд ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и Моро

Управниот суд до денеска ги отфрли како неосновани сите 75 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива, откако вчера одби половина.

Засега отфрлена е и тужбата на политичката партија Интегра и на едно физичко лице.

Судот продолжува со јавни расправи по поднесени тужби од политичките партии Левица, Социјалдемократска унија, Моро - работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите во законски определените рокови.

0 Коментари

Остави коментари