Управен суд: Раскинувањето на договорот за Казандол е законито
Foto

Управен суд: Раскинувањето на договорот за Казандол е законито

Раскинувањето на Договорот за Казандол од страна на Владата е законито, пресудил Управниот суд, а информира владината прес служба. Управниот суд, одлучуваше по тужбата на„Друштво за експлоатација, преработка, и производство Сардич МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје, а против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година да го прекине договорот за концесија.

Во пресудата се наведува дека причините кои се сметаат за основани при раскин на договорот за концесија е тоа што концесионерот во рокот од две години од денот на доделувањето на концесијата не ги исполнил обврските од договорот.

„Владата останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи”, се наведуваво соопштението од Владата.

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари