Унеско предупредува: Во Охрид никнува нов хотел на 50 м од езерото
Foto

Унеско предупредува: Во Охрид никнува нов хотел на 50 м од езерото

Нов хотел  ќе се гради на охридското крајбрежје, во потегот на 50 метри од брегот на езерото во комплексот "Горица".

Градоначалникот Георгиевски вели дека планот за хотелот бил изготвен уште од 2009та година, а правосилното решение за градба заедно со останатите дозволи се добиени уште пред три години.

Иако најавата за градба на габаритен хотел доаѓа во прилично сензитивен период за градот кога најсилно се бори за опстанок во УНЕСКО, Георгиевски тврди дека објектот нема да се "коси" со препораките од новиот План за управување со регионот.

Хотелот ќе се гради на местото на поранешниот ресторан "Парк".

Освен најавите за оваа нова градба, Георгиевски денеска информираше дека општината поднела нови кривични пријави кон лица кои узуприрале државно земјишtе на плажите.

Тендерската постапка за избор на фирма за уривање на дивоградбите е во тек и веднаш по изборот ќе стартува отсранувањето на нелегалните објекти на плажите дол охридското крајбрежје.

0 Коментари

Остави коментари