Уметници обвинуваат за скандалозна распределба на пари во ресорот култура
Foto

Уметници обвинуваат за скандалозна распределба на пари во ресорот култура

Скандал во министерството за култура при распределбата на пари во за проекти од национален интерес. Бројни музички манифестации кои се од особен придонес во културолошкиот развој на земјава висат на конец – дали ќе се одржат оваа година. Во јавноста одекнаа големи реакции дека анонимни лица и фирми ќе добијат огромни средства а без пари остануваат реномирани уметници или фестивали..

Оливер Белопета – директор на Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ вели дека уште пред да бидат обелоденети финалните резултати, писмено го известил министерот за култура Асаф Адеми дека постојат малверзации внатре во комисиите кои се задолжени да ги рагзледуваат пристигнатите апликации. Белопета бара од министерот Асаф Адеми повторно да ја преиспита својата одлука пред да биде доцна.

„Вендаш ќе вложиме жалба зошто имаме сознание дека комисијата и тоа практично еден нејзин ќлен, не работел како што треба и не со добри намери. И тој самиот кажа дека црпел сугестии од поранешниот министер за култура Алаѓозовски. Ќе се жалиме и ќе ја оспориме одлуката што ја носи министерот за култура и тој одговара за неа и ќе бараме повторно разгледуваљње со изземање на оваа комисија која ја донела оваа одлука“ - изјави Белопета.

Во делот на музичко-сценската дејност каде претседател на комисијата e Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност) најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари. Потоа 56 илјади евра за фестивалот „Меридианс“ како и за концертот „Класик и рок мјузик“, а додека скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

Од ресорното министерство за култура за ТВ 24 појаснуваат дека при одлучувањето за проектите се водело сметка за соодветно проектирање на приоритетите на Министерството за култура, во насока на поддршка на проекти и активности кои го стимулираат креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија, Дообјаснувајќи дека поддржани се проекти со квалитетни уметнички содржини како и проекти кои преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој.

„При одлучувањето за проектите се водеше сметка за соодветно проектирање на приоритетите на Министерството за култура, во насока на поддршка на проекти и активности кои го стимулираат креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка, социјална, родова и старосна припадност.“ - велат од Министерството за култура.

И покрај тоа што од ресорното министерство ги повика сите одбиени да поднесат жалби во рок од 15 дена – според извори на ТВ 24 голем дел од одбиените не добиле решение за да можат да поднесат жалба. Во рамки на министерството за култура претседателствуваат неколку комисии задолжени за разгледување на сите пристигнати пријави по одделни дејности.

0 Коментари

Остави коментари