Украинскиот премиер Олексиј Гончарук поднесе оставка
Foto

Украинскиот премиер Олексиј Гончарук поднесе оставка

Украинскиот премиер Олексиј Гончарук поднесе писмо со оставка, откако е обелоденето аудио на кое тој наводно го критикува разбирањето на економијата на претседателот Володимир Зеленски.

Оставката, ја објави утринава на својата ФБ страна, а се случува два дена откако во јавноста излегоа аудио снимки на кои се слуша неговиот глас за време на состаноци со неколку министри, во кои тој ги насочува како да зборуваат за економијата со претседателот кој, како што вели „не ги разбира економските работи“.

Шефот на украинската влада на својот фб профил напишал дека на оваа функција дошол да ја спроведе програмата на претседателот кој за него претставувал пример на отвореност и пристојност.

„За да исклучам било каков сомнеж во нашето почитување и довербата во претседателот, напишав изјава за оставка и му ја предадов на претседателот за да може да ја достави до парламентот. Аудиото „вештачки создава впечаток дека мојот тим и јас не го почитуваме претседателот." – напиша украинскиот премиер.

Триесет и петгодишниот Гончарук стана премиер минатиот август по парламентарните избори во јули 2019-та. Тој беше најмладиот премиер на Украина во историјата..Кабинетот на претседателот објави дека го примиле писмото и дека ќе биде разгледано.

0 Коментари

Остави коментари