Украинска вечер на „Охридско лето“ на флејта и хармоника со Божена Корчинска и Богдан Кожушко
Foto

Украинска вечер на „Охридско лето“ на флејта и хармоника со Божена Корчинска и Богдан Кожушко

Седумнаесеттиот ден од годинашното 59-то издание на „Охридско лето“ носи несекојдневно музичко доживување со украинските инструменталисти Божена Корчинска на надолжна флејта и Богдан Кожушко на хармоника.

Програмата на дуото Корчинска – Кожушко е насловена „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

0 Коментари

Остави коментари