После институтот за национална историја денеска во однос на спорот со Бугарија се огласи и УКИМ.
ОД Универзитетот велат дека ги поддржуваат стратешките напори на владата за интегрирање во ЕУ и се придружуваат кон ставот на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.
Универзитетот ги повикува владата и сите чинители во евроинтеграциските процеси да ги почитуваат достигањата на македонските научници.
Од УКИМ додаваат и дека обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата.
0 Коментари