УЈП подготвена да се вклучи во истрагата за додатоците од илјадници евра во СЈО
Foto

УЈП подготвена да се вклучи во истрагата за додатоците од илјадници евра во СЈО

Управата за јавни приходи најавува соработка со Обвинителството за да се испита дали имало финансиски злоупотреби во СЈО. Новата алатка „Oтворени финансииги исфрли на површина платите на обвинителите во Специјалното обвинителство, но и додатоците за доверливост кои во просек по обвинител на годишно ниво биле околу 20 000 евра.

Покрај редовната плата, поарнешната шефица на СЈО примила и 157 илјади евра за четиригодишниот мандат како додаток за доверливост – да чува во тајност она што се зборувало во „бомбите“. Премиерот Заев повика да не се ставаат сите обвинители во ист кош со Јанева.

„Сите знаеја дека специјалните обвинители добиваат поголема плата за некои 300 до 500е ,од другите ЈО заради тоа што сериозно презедоа поголемата одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали кои носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Јас нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за специјалниот обвинител но за другите не е коректно.“ - изјави Заев.

Шефот на републичкото обвинителство најави детална истрага за да види дали имало злоупотреби на буџетот на СЈО. Но повиците за одговорнсот од опозицијата не престануваат.

„Да ве потсетам дека од септември бараме формирање на Анкетната комисија, токму за да се даде одговор на тоа колкава штета е направена на буџетот, кој сѐ имал незаконски приходи, но и нешто што до сега не е доволно јасно, а тоа е колкави пари се одлевани за незаконски вештачења кои после биле и уште се користени во судски постапки?“ - изјави Игор Јанушев- ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителите од СЈО, но и вработени кои го контактиравме велат дека се подготвени да соработуваат во истрагата за да докажат дека немало злоупотреби. Според законот за СЈО кој го скроија четирите политички партии во Пржино, со Буџетот на СЈО раководеше Катица Јанева, која стои и како потписник зад сумите и висината на додатоците.

За 4 години Специјалното обвинителство потроши околу 10 милиони евра, или околу половина од предвиденото. Од сите правосилни одлуки, преку СЈО со конфискација на имот во државниот буџет се вратени околу 56 илјади евра во случајот Тифани и 17 милиони евра запленети од Сеад Кочан во предметот Труст“.

0 Коментари

Остави коментари