Учениците одат на распуст, надлежните ќе решаваат како ќе продолжи наставата од септември
Foto

Учениците одат на распуст, надлежните ќе решаваат како ќе продолжи наставата од септември

10 јуни-крајот на училишната година овој пат во вондредни пандемисли услови, без детскиот џагор, празни училници и училишни дворови.

Необични девет месеци и за учениците и за наставниците. за прв пат целата учебна година се одвиваше од дома пред екраните на лаптопите и компјутерите, освен за најмалите од прво до трето одделение кои ја следеа наставата во училишната но со протоколи и претпазливост. Пандемијата донесе голем број предизвици и за наставниот кадар. 

Почетокот на учебната година беше и почеток на неподготвеноста на образовниот систем со вондредни околности, па следеа низа на протести и тивок бојкот од страна на средношколците, како и од страна на родителите незадоволни од предвидената дигитализација. Но и покрај сите околности, министерката за образование Мила Царовска оцени дека учебната година заврши успешно и се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за соработката и помошта. 

Министерот за здравство Венко Филипче, најавува позитивни вести- доколку продолжи сегашниот тек на епидемиолошката состојба, учениците ќе се вратат во училишните клупи од септември. 

Од септември со почетокот на учебната година предвиден е и почеток на низа реформи во образованието.

Како што започна така и заврши учебната година, со празни училници, надвор од училишните клупи и со надеж дека од септември учениците ќе се вратат на настава и ќе ги наполнат училиштата.

0 Коментари

Остави коментари