Ученици: Не сме виновни за катастрофалните резултати на меѓународно тестирање Писа
Foto

Ученици: Не сме виновни за катастрофалните резултати на меѓународно тестирање Писа

Училишта без пристојни тоалети и греење, учебници кои не соодвестуваат на реалноста во која живеат денешните деца, застарени наставни програми, многу теорија малку пракса. Ова се само дел од причините кои ги посочуваат учениците за лошите состојби во образованието како и за слабите резултати што ги постигнуваат на меѓународните тестирања.

Ние немаме основни потреби, постојат училишта каде што учиниците немаат пристап до тоалет, греење и до многу други потреби кои што се едни од основните за да може да се одвива процесот на образование. Од друга страна проблем е наставниот кадар кој што не е обучен за доволно добро да ни ги пренесе знаењата за да може ние да излеземе на пазарот на трудот во иднина. Имаме проблем и со учебниците кои се издадени пред 10 години и се со застарена содржина која воопшто не ја рефлектира реалноста во која ние живееме. Јас на пример доаѓам од средното економско – правно училиште каде што учебниците по јавно право се водат според стариот кривичен законик и според некои други стари закони кои веќе не се во употреба и ние сме приморани да учиме од скрипти или да учиме нешто што веќе не се применува во секојдневието.“ - вели Бисера Шегмановиќ – Ученичка во СУГС Васил Антевски Дрен.

Погрешните реформи, лошите кадровски решенија и партизираноста во образованието се клучните причини за лошите состојби во образовниот систем – смета професорот и поранешен заменик министер за образование Петар Атанасов.

Нашите системи но и образовниот систем ги водат просечни партиски кадри. Не може некој што ја купил или преку ноќ ја стекнал дипломата да влезе во образовниот систем. Мора да има неколку нивоа на проверка на наставниците што влегуваат во образованието. Сега ви доминираат просечни кадри, систем што не гарантира квалитет и контрола на сето она што е наставник или на оние што го менаџираат образовниот модел. Ние направивме бубалици од децата, воведовме илјадници тестови и не направивме производ. Секое дете е различно и од секое дете може да се извлече вредност. За тоа се потребни големи реформи. Еве ги гледаме земјите кои успеале во тоа. Ние сме далеку од нив, се уште сме на дното.“ - вели Петар Атанасов – Професор и поранешен заменик министер за образование.

Учениците бараат инвестирање во инфраструктурата на училиштата, промени во наставните програми, но и повеќе пракса за време на часовите.

„Најпрво тука спаѓа инвестирање во самите училишта, односно подобрување на инфраструктурата и секако инвестирање во нови учебници. Учебниците мора да се заменуваат по одредено време. Не можеме да учиме ние од учебници од кои учеле генерации пред 10 или 15 години, затоа што моменталната состојба се менува и ние мора да бидеме во чекор со настаните. Од друга страна и зголемувањето на практичната настава инвестирањето во практични помагала каде што ние ќе можеме да се здобиеме со практични вештини но и едукација на наставниот кадар.“ - вели Шегмановиќ.

Образованиот систем треба да ги научи децата како критички да размислуваат, да истражуваат и да анализираат. Но за реформи и промени треба да има политичка волја порачува професорот Атанасов.

„Нашите деца имаат премногу предмети, премногу меморирање, учат премногу дефиниции, факти и бројки. Напротив треба да учат комуникација, финансиска и медиумска писменост, треба многу повеќе да читаат и во текот на еден училишен ден не може да имаат шест до седум часа, не може да имаат петнаесет предмети. Треба да се намали и да се рационализира програмата, а подготвени наставници да работат со учениците - да ги созреат, да ги научат како да размислуваат, како преку истражувања да доаѓаат до нови сознанија, на своите мобилни тие ги имаат сите можни податоци на светот, но треба да научат како да ги користат тие податоци како да ги поврзуваат, треба да учат да имаат свое јас и да го анализират светот околу нив. Тоа ќе се постигне со добри наставници, добри програми и мотивирани деца.“ - вели вели танасов.

Загриженост за состојбите во образованието изразија и од УНИЦЕФ од каде повикаа државата да се посвети на реформите во образовниот систем. За првиот човек на образование пак вавките податоци не се загрижувачки. Министерот Адеми изјави дека е задоволен бидејќи имало мал напредок во споредба со претходните години.

Последното меѓународно тестирање ПИСА ги рангираше македонските средношколци на дносто на листата за математика, наука и читање. Послаби во регионот се само учениците од Косово.

0 Коментари

Остави коментари