Уапсени уште 8 лица во Виетнам за„ Камионот на смртта“
Foto

Уапсени уште 8 лица во Виетнам за„ Камионот на смртта“

Истрагата за смртта на 39-те виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион-ладилник во британскиот град Есекс се поширува. Полицијата во Виетнам, во петокот уапси две лица, а денеска уште 8 за кои се верува дека се вмешани овој трагичен случај.

Осомничените биле приведени за организирање и посредување при заминување на луѓе во остранство и за организирање на нивниот нелегален престој таму.

„Врз основа на сознанијата од осомничените, ќе отвориме истрага во борбата и искоренувањето на тие кругови кои илегално доведуваат луѓе во Велика Британија.“ - изјави Нге Ан – шеф на виетнамската полиција.

Откако пред два дена, британската полиција конечно потврди дека замрзнатите мигранти се од виетнамска националност, полицијата и во Виетнам и во Обедниетото кралство започна координирани активности. Виетнамската полиција соопшти дека многу од жртвите потекнуваат од само две провинции во централниот дел на Виетнам, вклучувајќи ја и провинцијата Нге Ен, каде се уапсени последните осумина. Откако 10 виетнамски семејства пријавија дека нивни роднини исчезнале стравувајќи дека се меѓу 39-те жртви, регионалната полиција поведе кривична истрага под сомнеж за трговија со луѓе.

„Најтешката задача останува да ја завршиме, а тоа е да ја завршиме идентификацијата и потоа да ги информираме семејствата на жртвите. Остануваме во постојана координација со британските власти.“ - изјави Тран Нгок Ан – амбасадор на Виетнам во Велика Британија.

Истовремено, властите во Велика Британија покренаа голема акција за откривање на криумчарите на мигранти. Таму веќе се уапсени неколку осомничени, освен главниот осомничен, возачот Морис Мо Робинсон од Северна Ирска, во врска со смртта на мигрантите се уапсени уште три лица, маж и жена од Ворингтон и 46-годишен маж од Северна Ирска.

Британските пратеници порачаа дека трагичната смрт на мигрантите кај Есекс треба да биде повик британската влада да го преиспита својот пристап кон илегалната миграција. Предупредуваат и дека политиката насочена кон затворањето на границите на осторвот би можело да значи дека мигрантите ќе бидат одведени кон опасни нелегални рути.

0 Коментари

Остави коментари