Тв 24 на снимање на филмот „Врба” на Милчо Манчевски
Foto

Тв 24 на снимање на филмот „Врба” на Милчо Манчевски

По пауза од 9 години, најзвучното име на македонската филмска сцена, Милчо Манчевски го снима својот нив филм во Македонија. Режисерот, се врати на домашен терен за на филмското платно да ни ги претстави трите испреплетени љубовни приказни во неговиот шести по ред долгометражен филм насловен „Врба“. Вчеравечер во центарот на Скопје се снимаше една од најефектните сцени на филмот, за која беше произведен и вештачки дожд. Главните улоги во филмот ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски, а на вчерашниот сет освен режисерот и неговиот тим зад камерите, беа присутни и дел од главните актери.

„Беше една хармонична атрмосфера со многу ситуации и резултатот ќе биде одличен.“ - вели Сара Климоска – актерка.
                            
„Јас ја играм улогата на Родна и поголемиот дел се случува во Скопје во ова времке. Родна потекнува од типично македонско семејство и се вљубува во искрена и срамежлив човек.“ - рече Наталија Теодосиева – актерка.
                            
„Јас го играм Ставре Дивниветровски. Ова ми е петти филм со Манчевски.“ - изјави Петар Мирчевски – актер.
                            
„Го играм ликот на Милан во првиот дел, приказната се одвива во 17ти век и е љубовна приказна. Ова ми е прв проект и чест е да се работи со ваква екипа.“ - рече Никола Ристески – актер.
         
Тематиката на филмот „Врба“ е љубовна и ќе ни претстави љубовни приказни, кои иако ги раздвојуваат векови сепак се огледуваат една во друга. Филмските сцени кои се снимаат во главниот град ќе го пренесат современиот дел од приказната, а веќе се завршија снимањата за делот од 17-тиот век, на локации во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец и во Преспанскиот регион.

„Ова е измислена приказна, две приказни кои се пресликуваат и надополнуваат и се во контраст една со друга. Претходниот филм го работев во Њујорк зошто таа приказна тму требаше да се случи и во Македонија не можев да работам филм зошто бев на црната листа.“ - вели Милчо Манчевски – режисер.

Снимањето на шестиот долгометражен филм на Манчевски започна на 25 октомври, а предвидено е да заврши кон средината на месец декември.

Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско - унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Режисерот најави дека премиерата е предвидено да се случи кон крајот на 2019. година. 

0 Коментари

Остави коментари