ТВ 24 ексклузивно (видео): Како се одвиваше драмата при патувањето со Нехар Травел
Foto

ТВ 24 ексклузивно (видео): Како се одвиваше драмата при патувањето со Нехар Травел

„Јадран турата“ со Фестивалот на мимози наместо во Црна Гора заврши ноќеска на граничниот премин Блаце. Двата автобуса кои ги ангажираше туристичката агенција Нехар Травел се сопрени на граница на околу два часа по полноќ и вратени назад со полиција, потврдуваат од МВР. Оваа забрана за групно патување надвор од Македонија се реализираше по ригорозните мерки кои вчера ги воведе владата. А, како почна се.

Околу 19 часот а втобусите со дел од патниците тргнаа од Битола ... кратко по 22 часот пристигнаа на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски, каде што веќе ги чекаа патниците.

Но, ниту одлуката за тргнување не помина лесно. Телевизија 24 вчера вечер документираше жестока расправија меѓу сопствениците на агенцијата Нехар и граѓани кои ја откажаа екскурзијата.

- Господине, пандемија е, пандемија, пандемија прогласено во цел свет. Јас децидно ве прашувам, дали кога има прогласено пандемија треба да ги вратите средствата на луѓето кои уплатиле?

Тензијата растеше, аргументите да не се тргнува на ризично патување се набројуваа. Никој не се осмели да зборува пред камера.

-Да ви кажам нешто, владините мерки треба да се почитуваат, а не да не прават нас будали, вели една од патниците кои откажале резервации.

  • Сега ќе видиме дали има сто души...така рековте а луѓето пола се присилени да дојдат . Зошто се присилени ?-Па да вратите парите, сега не важат општите услови. 

    -Зошто сте овде? - За да видиме дали воопшто ќе тргне автобусот и дали има нормални луѓе што ќе одат на патувањето. Затоа што имам јас платено, цело време агенцијата притискаше дека ќе се одвива ова патување. 

По речиси два часа убедување падна одлука. Вечерва, 12 март два автобуса со преполовен број на патници тргнуваат на четиридневно патување. Крајната дестинација е Херцег Нови, Црна Гора.

Во еден од автобусите на екскурзија тргна и сопственикот на турстичката агенција. Пред да влезе во возилото смируваше дека ќе се почитуваат препораките и во автобусот.

„Црна Гора не е ризично подрачје, не постои ни еден заболен. Патуваме Косово и Албанија транзит имаме хотели и воопшто не застануваме. Партнерот во Црна Гора кажа реализација мора да има бидејќи е платено и не може да се одложи. Во Стопанската комора за туризам ни беше кажано дека не постои забрана во неризични земји.“ - изјави Нехар Селим – сопственик на туристичка агенција.

Во четиридневната екскурзија биле предвидени прошетки кај Свети Стефан, Будва, Тиват, Игало и сместување во луксузен хотел со 4 звезди во Херцег Нови. По патник се уплаќани 100 евра во кои биле вклучени појадок и бесплатно користење на спа центарот и минералните базени. Главната атракција беше закажаниот фестивал наМимози и концертто на Жељко Јоксимовиќ, кој според општинскиот допис од Херцег Нови, кој го доби и тв 24 беше одложен.

Еден час пред тргнување на турата МВР извести дека го ограничува влезот и излезот на патници од Македонија. Агенцијата Нехар травел беше меѓу првите кои ги откажаа осмомартовските патувања за Италија и понудија враќање на платените аранжмани. Пред неколку дена од гостиварската агенција Соло Раисен на Фејсбук се пофалија дека и покрај забраните поминале преку Табановце со крајна дестинација Швајцарија, преку Италија. Филипче најави најстроги казни за сите кои не ги почитуват препораките.

Ноќеска, и покрај истрајноста на дел од најупорните педесетина туристи и сопствениците на „Нехар травел“ да излезат од Македонија и да ја доловат егзотиката на Јадранот, нивната екскурзија заврши на релацијата Скопје - Блаце – Скопје. Овој случај веќе е во раце на пазарната инспекција.

0 Коментари

Остави коментари