Турунџиева за ТВ24: Еден од запалените автомобили е мојот
Foto

Турунџиева за ТВ24: Еден од запалените автомобили е мојот

Пејачката Сузана Турунџиева во телефонска изјава за ТВ 24 потврди дека рано утринава нејзиниот автомобил бил сериозно оштетен откако го зафатил пожар.

Таа рече дека покрај нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска - Ристески.

Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите, а Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.

Надлежните велат дека во пожарот кој пожарникарите го локализирале еден час нема повредени.

0 Коментари

Остави коментари