Турканици во УЈП за онлајн пријавување за кредитите на Развојна банка
Foto

Турканици во УЈП за онлајн пријавување за кредитите на Развојна банка

Повеќе десетици граѓани денеска нервозно стуткани еден до друг чекаа ред за да влезат во Управата за јавни приходи. Гужвата беше уште позасилена со оглед дека денеска започна процедурата за аплицирање за добивање на кредити на сите претпријатија кои трпат штети поради кризата со коронавирусот. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека за да им се излезе во пресрет на граѓаните, УЈП од утре ќе го продолжи работното време.

„Од утре управата же работи од 8 до 14 часот и ќе работат повеќе шлатери. Ќе бидат ангажирани и вработени од другите оддели на управата за да помогнат во надминување на проблемите. Ќе ги контактираме телефонски сите оние кај кои ќе се појави било каков проблем. Инаку услугите за кои граѓаните чекаат ред пред шалтерите исто така може да се исползуваат и по електронски пат“ - вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Со одлука на Владата, од денеска, микро, малите и средните компани во секторите угостителство, туризам и товарен транспорт може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра. 

Парите ќе се пласираат преку Развојната банка на  Македонија. За микрофирмите со максимум 10 вработени се предвидени од 3.000 до 5.000 евра, за малите со 10 до 50 вработени од 10.000 до 15.000 евра, а за средните компании со 50 – 250 вработени од 15.000 до 30.000 евра. 

Каматата е отсто, отплатата на кредитот ќе биде две години, а грејс периодот изнесува шест месеци. Првата рата ќе треба да почне да се отплаќа девет месеци од одобрувањето на кредитот.

0 Коментари

Остави коментари