Туристичко-угостителскиот сектор е најпогоден од коронакризата
Foto

Туристичко-угостителскиот сектор е најпогоден од коронакризата

Историски најголеми загуби во секторот угостителство и туризам се очекуваат доколку кризата трае до крајот на 2020 .Падот на приливот ќе биде преку 80 проценти а опоравувањето би траело до крајот на 2027, покажуваат податоци добиени од направената студија за ефектите од КОВИД 19 врз туризмот и угостителството, според која следува долг и многу тежок процес, а можни се две сценарија.

Според првото сценарио во зависност од нивото на ефективност на економскиот одговор од страна на државата, односно од поддршката во секторот ќе бидат загубени помеѓу 2000 – 12,000 работни места. Според второто сценарио, доколку трае до крајот на годината, што ќе значи безмалку останување без економска активност во туристичката дејност, во зависност од нивото на економскиот одговор, помеѓу 4 ,000 и 20,000 би згаснале во секторот туризам, изјави Џамбазовски.  

Според двете сценарија загубите во овој сектор се огромни , а нивното опоравување ќе се одвива споро и тешко. Доколку очекувањата за 2020 биле да се оствари туристички промет од 500 милиони долари, со првото сценарио може да се очекува пад од 50 проценти.

Ние наближуавме кон реализирање на второ сценарио, односно одвивање по сценарио број 2, и тогаш би бил пад над 80 проценти и тогап би било историски најнизок туристички  промет во С.Македонија.

Според  Владимир Граматиков, претседател Туристичко угостителската комора при ССК. дојддовниот туризам директно ја поддржува економијата на земјата, а во пост ковид периодот , предизвикот Македонија како туристичка дестинација  да се промовира во светот е уште поголем.

„Неопходно е да имаме една стратегија и да знаеме каде ќе рамки на туризмот.Промоцијата на Македонија како туристичка дестинација во светскиот туризам беше исклучителен предизвик, но сега во пост Covid ерата, предизвикот ќе биде уште поголем, бидејќи покрај тоа што треба да се претстават нашите убавини, храна, гостопримство, ке треба да је претставиме Македонија и како безбедна земја со сигурен здравствен систем. Посетителите мора да имаат доверба во државата која ја посетуваат.“ - вели Граматиков.

Компаниите од секторот туризам и угостителство предлагаат субвенционирањето на плата од 14.500 денари и за месец јуни 2020 година, и ослободување на  работодавачите од исплата на К-15 за 2020 година.

Од друга страна со свои барања пред неколку дена  излегоа и вработените во овој сектор, кои побараа регулирање на нивниот работен стаж и исплата на придонеси како и задолжителна исплата на к – 15.

0 Коментари

Остави коментари